Џо Бајден: Тој што ѝ верува на Тара Рид не треба да гласа за мене

Гласачите загрижени поради наводите за сексуален напад на неговата поранешна вработена во Сенатот, Тара Рид, треба да гласаат како што им налага срцето и ако ѝ веруваат, не треба да гласаат за него, посочи Џо Бајден, пренесува „Њујорк Пост“.

„Ако ѝ веруваат на Тара Риа, тие веројатно не треба да гласаат за мене. Ни јас не би гласал за себе ако ѝ верував на Тара Рид “, рече веројатниот кандидат за претседател од Демократската партија.

Бајден продолжи силно да ја негира приказната на Рид дека во 1993 година ја притисна врз ѕид и сексуално ја нападнал.

„Па, да бидам искрен, не се сечавам“, рече тој на прашањето дали воопшто и се сеќава на Рид.

Бајден исто така рече дека ако биде избран, тој нема да го помилува Доналд Трамп за какви било кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави