Унгарија: ЕУ се соочува со најголемата криза во нејзината историја

Унгарската министерка за правда жестоко го прекори Европскиот парламент во своето убедливо обраќање во средата, тврдејќи дека тој е дел од проблемот, а не решение во текот на пандемијата на коронавирус, пренесува „Брејтбрат“.

Во својот говор пред пленарното собрание на ЕП, министерката Јудит Варга рече дека ЕУ се соочува со најголемата криза во својата историја поради пандемијата на коронавирус, што претставува директна закана за животот и здравјето на граѓаните.

Варга го истакна шокот за европската економија поради кој се потребни нови решенија за одржување и зајакнување на европската конкурентност на долг рок, бидејќи методите и решенијата користени во минатото очигледно не успеаја.

Таа исто така го осуди ЕП поради критиката кон мерките на унгарската влада за заштита на своите граѓани, во време кога треба да ги поддржува своите земји-членки во нивните напори.

„Може ли една институција да се нарече европска ако напаѓа една од земјите-членки за време на најтешкиот период во борбата против епидемијата, ги доведува во прашање нејзините мерки и ја поткопува легитимноста на своите одлуки? Ова не би се квалификувало како стандардна постапка дури и меѓу непријателите и претставува историско предавство во рамките на европското семејство,“ посочи таа.

Граѓаните на ЕУ очекуваат дека ЕУ ќе ги поддржува земјите-членки со сите средства што им стојат на располагање во борбата за спасување на нивните животи, изјави таа.

„Европскиот парламент не успеа да го исполни ова очекување. Денес, ЕП не е решението, туку дел од проблемот. Изворната мисија на Европскиот парламент требаше да биде место за демократска дебата, за почитување на европските вредности и различноста и идентитетот на европските нации, но ја напушти оваа мисија не успевајќи да ги сослуша своите членови,“ истакна таа.

„Денес на една земја-членка на ЕУ не ѝ се гарантира ниту правото на фер судење.  Дури и во најлошиот историски период, во концептуалните тужби се водеше грижа да се осигура барем дека обвинетиот е присутен на судењето “, рече таа во врска со критиките на ЕУ за Унгарија.

Варга, исто така, ги претстави вонредните мерки донесени во Унгарија, инсистирајќи дека тие целосно ги почитуваат владеењето на правото и принципите на ЕУ.

„Состојбата на опасност прогласена од унгарската влада на 11 март беше проширена со овластување од Националното собрание, но ова овластување не е неограничено ниту временски ниту по содржина, а Националното собрание може да го отповика овластувањето во кое било време, дури и пред крајот на состојбата на опасност “, нагласи таа, “.

Сепак, Европскиот парламент, според Варга, лажно ја обвини унгарската влада дека ги прекинала седниците на Националното собрание.

„За разлика од Европскиот парламент, унгарското Национално собрание е живо и функционално“, изјави таа.

Варга исто така истакна дека вонредните мерки на унгарската влада не ги ограничуваат активностите на медиумите и не влијаат на слободата на изразување, освен во преземањето ефикасна акција за ограничување на намерното ширење лаги.

„Сè што ќе кажеме или направиме денес, ќе го оценат идните генерации врз основа на тоа дали тоа спречила или помогнало да се спречи епидемијата и Европа да се врати на нозе. Верувам дека Европскиот парламент, наместо сегашната активност за раселување, ќе најде начин да одигра соодветна улога во оваа мисија “, рече Варга.

Треба да знаете
Последни објави