(Видео) Италија им забрани на спасувачите да даваат вештачко дишење

Во период кога полека излегува од целосниот карантин поради пандемијата со коронавирус, Италија усвои серија детални регулативи за спасувачите на плажа, вклучително и забрана за давање вештачко дишење за да се спречи зараза со коронавирус, пренесува „МастерИкс“.

И покрај безбројните регулативи донесени од италијанската влада за секој аспект на човековата активност, изготвен е цел пакет правила специјално за спасувачите во Италија додека нацијата се подготвува внимателно да ги отвори своите плажи.

За да се утврди дали жртвата се уште дише, во прописите се вели дека спасувачот ќе мора да го процени дишењето само со прегледување на градите на жртвата во потрага по нормална респираторна активност, но без фронтално приближување до лицето на жртвата.

Ако е потребно, спасувачите треба да им дадат вештачко дишење на жртвите, но ќе смеат да користат само компресии на градите без придружна вентилација. Тие ќе мора да ја проценат состојбата на свесност на давеникот со повикување, тресење и стимулирање.

Новите правила предвидуваат и дека спасувачот треба да отплива за да му помогне на пливачот во неволја само како последно решение, откако прво ги исцрпил другите методи како што се гуми за спасување и другите помагала.

Ако бидат принудени на физички контакт со пливачот, спасувачите треба да го изведат на брегот со помош на држач што не ги изложува на лицето на пливачот.

Италијанските медиуми ги поздравија новите ограничувања со благо исмејување, истакнувајќи дека со оглед на самонаметните тешкотии при спасувањето на море, владата треба да оди до крај и да го забрани давењето.

И спасувачите ги пречекаа со критики новите норми.

„Сметам дека ова е апсурдно“, вели Марко Мајели, претседател на кооперативата „Лајфгард Коста Овест“, која ги координира активностите за спасување на брегот на Марина ди Кастањето Кардучи.

„Првата причина за давење е задушувањето. Без расчистување на дишните патишта, бескорисно е да се рестартира срцето: првите минути се пресудни“.

Треба да знаете
Последни објави