Search

Нови 29 казнети скопјани за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.

-Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје и не се придржувале до донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од обвинителство.

За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави