Search

Моторџија прегазил полицаец па избегал

На 13.05.2020 во 13.20 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеник од Полициската станица Кочани дал знак за запирање на мотоцикл на кој се возеле две лица.

Но возачот не застанал, го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави