Search

Лажното видео на Доналд Трамп како дете насмеа многумина, но и ги вознемири

Однесувањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на пандемијата на коронавирусот во најмала рака е бизарно.

Од тврдењата дека недокажани лекови и средства за дезинфекција може да го излекуваат вирусот, до ненадејното заминување од конференцијата по прашањето на новинарката од азиско потекло, Трамп не остава впечаток на лидер што знае што прави.

Некој го споредува однесувањето на претседателот со однесувањето на детето, а сето тоа е прикажано во лажно видео, кое многумина насмеа, но и вознемири.

Познатиот водител Џими Кимел објави видео во кое го споредува Трамп со девојче што лаже дека ја фаќало храната за кучиња.

Главата на претседателот е залепена на главата на девојчето, а гласот на родителот e заменет со женски глас кој го прашува претседателот за неговите претходни коментари за коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави