Коњуфца: Србија не е заинтересирана за подобрување на односите со Косово

Вршителот на должноста министер за надорешни работи на Косово, Глаук Коњуфца ја оцени како дискриминирачка одлуката на Србија да ги отвори границите кон сите држави во регионот, освен кон Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Коњуфца во објава на Твитер порача дека Приштина ќе одговори реципрочно на таквата пречка што ја воведе Белград за косовские граѓани.

– Владата на Косово го осудува дискриминирачкото и нерамноправно однесување на Србија кон Косово. Србија ги отвора своите граници за граѓаните од сите земји во регионот, но не и за косовските граѓани. Ваквиот однос докажува уште еднаш дека Србија не е заинтересирана за нормализирање на односите со Косово. Република Косово ќе одговори реципрочно на оваа пречка од Србија за граѓаните на Косово, напиша Коњуфца.

Треба да знаете
Последни објави