Search

Следува топло време со температури над просекот

Метеоролозите најавуваат дека под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината и ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени.

(Извор: УХМР)

Во следните два дена ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Треба да знаете
Последни објави