Search

Песков: Имам билатерална пневмонија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој е позитивен на коронавирус, вели дека е хоспитализиран со билатерална пневмонија, односно дека има воспаление на двете белодробни крила.

Песков за рускиот весник „Комерсант“ изјавил дека луѓето можат да се лекуваат дома ако имаат унилатерална пневмонија, односно ако е зафатено само едно белодробно крило.

„Ако е билатерална пневмонија, немаме избор освен да одиме во болница“, рекол Песков.

Тој додал дека сите членови на администрацијата на Путин се тестираат секојдневно на коронавирус, пренесе ТАСС.

„Затоа имав чувство дека ситуацијата е под контрола, но, за жал, колегата со кого имав контакт се разболе и морав во самоизолација по 1 мај“, рекол Песков.

Тој истакнал дека подоцна бил тестиран позитивно на коронавирусот, имал покачена температура, а тогаш неговата сопруга Татјана Навка, која е олимписка шампионка во уметничко лизгање, почнала да покажува симптоми на коронавирус. Песков рекол дека кога сфатиле со сопругата дека болеста напредува, отишле во болница.

„Што се однесува до болеста, најважната работа е да не се пропушти момент“, објаснил Песков додавајќи дека се работи за апсолутно насилен вирус.

Признал дека едно време носел значка која, како што тврдел произведувачот, може да го блокира вирусот.

„Кога новинарите почнаа да зборуваат дека таа всушност е штетна, престанав да ја носам“, изјавил Песков.

Треба да знаете
Последни објави