Search

Над 60 отсто од Италијанците се плашат од протести и нереди поради коронавирусот

Речиси две третини од Италијанците стравуваат дека во земјата може да се појават немири и социјално насилство по пандемијата на коронавирус во време кога довербата во политичарите достигна најниско, едноцифрено ниво, пренесува „Ил џорнале“.

Алармантните бројки беа објавени во анкетата спроведена од „Еуромедија рисрч“ која покажува дека 65 отсто од Италијанците стравуваат оти земјата, особено на северот кој е најтешко погодениот регион од вирусот, може да се соочи со социјални тензии и немири во индустриските центри.

Алесандра Гислери, директорка на „Еуромедија ристч“, ги коментираше резултатите, велејќи:

„По сто дена строга изолација, Италијанците почнуваат да се плашат: седум од десет стравуваат дека економската криза ќе ги активира социјалните немири, особено на северот. Само пет отсто велат дека сè уште имаат верба во политичарите.“

„Вистинскиот проблем е што довербата во италијанските политичари денес е 4,6 отсто.  Тоа нè тера силно да потврдиме дека политиката денес не смее да брка консензус, туку здрав разум “, рече Гислери.

Според анкетата, мнозинството Италијанци односно 56,8 отсто изјавиле дека стравуваат оти економската состојба во земјата може да се влоши како резултат на пандемијата со коронавирус.

Анкетата доаѓа откако Италијанците станаа многу скептични кон Европската унија во последните неколку недели, по немањето солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ за време на кризата со коронавирус.

Анкетата објавена кон крајот на април откри дека најмалку 40 отсто од Италијанците сметаат дека на нивната земја ќе ѝ биде подобро надвор од Европската унија. Италијанскиот премиер Џузепе Конте, исто така, алармираше на оваа тема велејќи:

„Ако не искористиме можност да внесеме нов живот во европскиот проект, ризикот од неуспех е реален“.

Треба да знаете
Последни објави