Search

„Инстаграм“ ги блокираше профилите на неколку руски политичари

Блокадата на Инстаграм профилот на Рамзан Кадиров, претседател на Чеченија, е поради тоа што тој е на списокот санкции воведени од САД, изјави денеска претставник на компанијата Фејсбук.

Од Фејсбук изјавија дека се американска компанија и дека дејствуваат „во рамки на законите на САД за санкции“.

Компанијата потврди дека истото го направиле со профилите и на други лица кои се под санкции.

Покрај на Кадиров, денеска исто така блокирани се и Инстаграм страниците на уште неколку руски официјални лица, како Мохамед Даудов, спикер на парламентот на Чеченија, Абузајд Висмурадов, вице-премиер на републиката, како и на Адам Делимханов, пратеник во руската Дума.

Треба да знаете
Последни објави