Search

Деле Али натепан и ограбен од маскирани крадци

Фудбалерот на Тотенхем и англиската репрезентација, Деле Али, бил ограбен од вооружени крадци кои влегле кај него дома и му ставиле нож под грло. Фудбалерот примил удар со тупаница, а на лицето имал и посекотина од ножот.

Деле нема посериозни повреди. Двајца мажи влетале во дворот на куќата на играчот во Лондон. Деле Али кој има 24 години и живее со девојката Руби, а во моментот таму бил и неговиот брат со девојката, се обидел да се брани, но тогаш бил удрен во пределот на устата и исечен, но не побарал лекарска помош. Биле украдени часовници и злато, во вредност од илјадници фунти.

Нападот и кражбата се случиле се случиле синоќа, 30 минути по полноќ. Засега нема осомничени и уапсени.

Треба да знаете
Последни објави