Search

Лашкоска: Прилепчани ќе треба да си замислуваат дека мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Мостот кој требаше да биде почнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски редизвика бројни реакции. Во својата изборна програма градоначалникот Јованоски и СДСМ ветија дека ќе градат обиколница во западниот дел од градот. И ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда, изјави Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но еве нему не му земаме за зло затоа што е лекар, но недозволиво е неговите советници да го манипулираат. Дека СДСМ е мајстор за спинување не постои човек на кого не му е јасно па се поставува прашањето дали ќе ја спинуваат и лагата дека овој сега многу популарен мост е дел од обиколницата? Повторувам, ветување кое е дел од програмата на Јовановски и СДСМ.
Мостот во Сточен пазар е само составен дел од собирна сообраќајница на ул. Трајко Николоски, која ги поврзува локалните улици од населбите кои ја тангираат оваа улица.

Апсолутно не сме против изградба на мост, но со ова решение кое го промовираше Јованоски се решава мостот, а се отвораат сообраќајни проблеми. Ова стеснување – проширување – стеснување, односно од тесна улица ќе се влегува во мост со 4 ленти, па на другиот крај повторно се излегува на тесна улица, може да биде причина за сообраќајни проблеми. Па велосипедски патеки кои кажа дека ќе ги има на мостот…што значи тоа? Луѓето по тесната улица на рамо да носат велосипед, па 20-тина метри на мостот да возат, па повторно велосипедот на рамо, во исто време кога по улицата ќе врват тешки товарни возила?

Дали со изградбата на овој мост главна улица за движење на тешки товарни возила станува улицата Трајко Николоски, а со тоа овие тешки товарни возила ќе поминуваат низ населбите кои ја тангираат оваа улица? Граѓаните на Прилеп, а особено жителите на овие населби ја заслужуваат вистината! Ова нè наведува да мислиме дека единствената и главна цел со изградбата на овој мост е само перење пари!

Треба да знаете
Последни објави