Search

Анкета: Мнозинство Американци сметаат дека Владата не прави доволно во борбата со коронавирусот

– Мнозинство од Американците и натаму веруваат дека нивната Влада лошо се справува со спречување на ширењето на Ковид-19, се дознава од најнова анкета на Си-Ен-Ен.

Според анкетата, спроведена од маркетиншката фирма ССРС, 44 проценти од испитаниците сметаат дека најлошите моменти од кризата се поминати, додека 52 проценти се уште смета дека најлошото не е поминато.

Четири од десет Американци изјавиле дека лично знаат некој со дијагноза на коронавирус, двојно повеќе отколку минатиот месец. Мнозинство, пак, велат дека Владата не прави довилно да го спречи подемот на бројот на починати (56 проценти), има недоволна достапност за тестирање (57 проценти), или постои опасност од втор бран на случаи подоцна годинава (58 проценти).

Според анкетата, рејтингот на претседателот Доналд Трамп се задржува подолго време на 45 проценти, резултат со кој тој го почна својот мандат на почетокот на 2017 година.

Педесет и пет посто Американците не ја одобруваат работата на претседателот поврзана со справување со епидемијата, а на почетокот на март беше 48 проценти, и 52 проценти во април. Само 36 проценти од Американците велат дека Трамп има сигурни извори на информација за епидемијата. 

Треба да знаете
Последни објави