Црна Гора дозволи верски служби, стотина верници се собраа во Острог

Голем број верници рано утрово се собраа пред манастирот Острог, во Црна Гора, пренесе РТЦГ.

Во манастирот митрополитот црногорско – приморски Амфилохије ќе служи литургија за празникот Свети Василије Острошки.

Од вчера во Црна Гора е дозволено вршење на верски служби, но под одредени услови.

Забраната за собири и понатаму е на сила.

„Само треба да ги почитуваме сите барања на Националното координативно тело, тоа е насушна потреба“, рекол претходно Амфилохије.

Полицијата во неделата спречи неколку верници да стигнат во Острог, а интервенирала и пред други верски објекти во Црна Гора.

Во последните 24 часа во Црна Гора не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус, а активни се 21 случај. Досега починале 19 лица, а вкупниот број на заболени е 324.

Треба да знаете
Последни објави