Search

Влада: Согласност за набавка на моторни возила и мебел за потребите на СЕЕБРИГ

Владата на денешната седница даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ.

-Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG), мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна  Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада, се наведува во соопштението на Владата

Треба да знаете
Последни објави