Search

Битиќи: Во месеците Март и Април 8.500 граѓани го изгубиле работното место

Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата ТопТема на Телма говори за преземените мерки, нивната ефикасност и економскиот импакт кој пандемијата го има врз економијата.

,,Мене од една страна мило ми е што мерките што ги преземавме во суштина укажуваат дека ние знаевме да ги димензионираме за процентуално колку ќе биде ударот врз економијата и сега ги согледувам и скоро да се истите со тие кои што побарале помош од страна на државата, по основ на една од мерките која што аплицирањето заврши пред некој ден имаме 23.000 субјекти кои што побарале помош или од активните или компаниите кои што поднеле завршна сметка во 2019 тоа се 45 % од компаниите поднеле барање за да добијат поддршка, тоа укажува дека да ударот е таму но и дека и мерките се таму за да го ублажат ударот и особено да го ублажат ударот од апсект на притисокот кој што работодавците го имаат кон ликвидноста и плаќањето на своите работници и задржувањето на работните места” – рече Фатмир Битиќи.

Битиќи потенцираше дека во време на глобална криза Македонија добро поминала со само 8.500 изгубени работни места за месеците Март и Април

„ Исходот од последните уредби е токму затоа што ги слишаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме, еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со земјите во суштина ние не сакаме да сфатиме дека секоја земја ние ги слушаме кои се мерките но не знаеме како административно мерките се спроведуваат забораваме на законските решенија кои што тамо постојат..“

Треба да знаете
Последни објави