Четирикратното грозоморно убиство со секира во Лесковац е извршено поради омраза кон маќеата и нејзината ќерка

Осомничениот Милош И (20 г.) го признал четирикратното убиство извршено со секира во Лесковац. Според последните сознанија од истрагата тој е најверојатно лице со психички проблеми и нема криминално досие.

На сослушувањето Милош не бил многу комуникативен, а од она што може да се дознае од направнената истрага причината поради што се одлучил да го изврши грозомороното убиство на целото семејство и тоа на свиреп начин со секира е омразата кон својата маќеа и нејзината ќерка.

Милош ги уби својот татко Предраг (45 г.), сестрата Ана (19 г.) која била во поодмината фаза на бременост, потоа вонбрачната сопруга на татко му Даниела (43 г.) и нејзината малолетна ќерка Сара (12 г.).

На лице место во семејната куќа при увидот на полициските службеници по несреќата се пронајдени секирата, пантолните и маицата на осумничениот со траги на крв.

 

 

Треба да знаете
Последни објави