Мигранти паднале во јама криејќи се од граничната полиција во БиХ

Припадници на Горската служба за спасување во Бихаќ спасија група мигранти кои бегајќи од пограничната полиција паднале во јама на подрачјето на планината Плешевица.

Полицијата синоќа примила дојава дека непознат брј мигранти криејќи се од полицијата, паднале во дупка. Станува збор за 11 мигранти, кои биле извлечени со специална опрема ноќеска од страна на спасувачките екипи. На длабочина од 12 метри биле пронајдени шестмина потешко повредени мигранти, додека претходно шестмина биле извлечени од спасувачите.

Треба да знаете
Последни објави