Search

Њујорк започна да се отвoра во неколку фази

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, денеска изјави дека ќе преземе нов чекор во справување со пандемијата, отворајќи некои несуштински бизниси в петок.

-Ова е возбудлива нова фаза. Сите сме нетрпеливи да се вратиме на работа”, изјави Куомо, пренесе Њујорк тајмс.

Додаде дека сака ова да го направи на паметен начин.

По осум недели строги рестрикции, бројот на нови заразени и хоспитализирани лица во Њујорк, сега е понизок од многу други сојузни држави, или во просек, помалку од 3.000 заразени на ден изминативе неколку денови.

Во најострата фаза од епидемијата кон средината на април, бројот на заразени во оваа сојузна држава достигнуваше и до 10.000 случаи на зараза дневно.

Како главни критериуми за отварањето се наведени одржување ниска стапка на заразени, доволен капацитет на болниците за хоспитализирање пациенти, како и спроведување на масовно тестирање и следење на контактите на заразените.

-Првне со бизнисите кои претставуваат помал ризик, рече Куомо.

Компаниите ќе мора да воведат мерки за заштита на вработените, вклучувајќи реорганизирање на работните простории, неопходна опрема за лична заштита, како маски и ракавици, како и мерки за социјално дистанцирање.

Рестораните ќе бидат отворени во втората или најдоцна третата фаза, додека бизнисите за забава и рекреација, како и училиштата, ќе бидат отворени најпоследни.

Секоја фаза ќе биде под строг мониторинг, и доколку дојде до појава на нов бран заразени, таа ќе биде прекината, а рестрикциите обновени, рече гувернерот.

Треба да знаете
Последни објави