Search

Напнато пред собранието, полицијата ги раздвојува подржувачите на СНС и Двери (ВИДЕО)

На платото пред срспкото собрание, вечерва се собраа околу 400 подржувачи на владеачата Срспка напредна странка и помала група на подржувачи на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Поддржувачите на СНС извикуваат „Бошко фашист” и носат српски знамиња, како и транспарент со заедничка фотографија на претседателите на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Си Џинпинг, со натпис „Срби и кинези браќа засекогаш”.

Меѓу двете групи граѓани распоредени се припадници на полицијата и жандармеријата и досега нема инциденти.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, вчера започна штрајк со глад пред српскиот парламент, барајќи одложување на изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата, по што двајца пратеници на СНС стапија со штрајк со глад барајќи од обвинителството да преземат мерки според Кривичниот законик против групата предводена од Обрадовиќ која во петокот предизвика инцидентот пред парламентот.

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ, на преставниците на медиумите во 18 часот им најави обраќање на јавноста за 20 часот, без да прецизира за што ќе говори.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави