Search

Манчевски: Да ја искористиме првата шанса за организирање избори

Дамјан Манчевски за ТВ 24 изјави дека по препорака на здравставените работници, нивниот став е дека некаде во средината на јуни има шанса да се организираат фер и демократски избори во услови на намалување на интезитетот на коронавирусот.

– Тој вирус ќе постои додека не се најде вакцина или лек за него, така да сосема е легитимно прашањето што ќе правиме и доколку на есен го имаме овој вирус во пожесток интезитет. Така што ние апсолутно мора да ја искористиме првата шанса која што ја имаме, нормално без да го доведуваме во опасност здравјето и безбедноста на граѓаните за организација на изборите, вели Манчевски.

На прашањето дека бројот на заразените се зголемува и дали сепак остануваат на датумот 14 јуни за одржување избори, министерот вели дека Комисијата за заразни болести знае точно каде се кластерите на новозаразените и затоа тестирањето е насочено кон овие делови.

– Здравствените власти цело време ја промовираат таа политика дека е погрешно масовното и неконтролирано тестирање затоа што лажниот негативен тест е најопасен за здравјето на граѓаните. Прекумерното тестирање на луѓето кои што можеби се во периодот на 14-дневната инкубација на вирусот, може да се создаде лажна перцепција дека несезаразени, а тие масовно да ја шират заразата. Битно е да се следат кластерите како и контактите што луѓето ги имале во претходниот период, за да можат да се најдат другите заразени. Што се однесува додатумот, нема да направиме ништо што е спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести и здравствените експерти, додава Манчевски.

Треба да знаете
Последни објави