Search

Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока

Фудбалскиот клуб Лион ја критикуваше одлуката за прекинување на сезоната во Лига 1.

– Олимпик Лион се уште смета дека францускиот фудбал оди во погрешна насока, се вели во соопштението на клубот.

Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември.

Шампион е Пари Сен Жермен.

Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем.

– Се разбира, под услов да се почитуваат инструкциите дадени од владата, изјавија од Лион.

Треба да знаете
Последни објави