Search

ВМРО-ДПМНЕ: За сите навреди и криминали ќе го стаса Зоран Заев казна и тоа од народот

Соопштение до јавноста-реакција на соопштението на СДСМ

 

 „Очајот во СДСМ е се поочигледен. По обелоденувањето на вистината дека Заев е вмешан во случајот „Рекет“, сега очајно се обидува сите нивни неуспеси и криминали да ги прикријат.

Пласирање на лажни вести нема да им помогне на СДСМ.

Најдобро е Зоран Заев да излезе и да ја каже целата вистина.

А, ВМРО-ДПМНЕ не може да помогне во тоа што Заев се дрзнал да го пцуе и навредува народот.

ВМРО-ДПМНЕ не е виновно што Зоран Заев контролирал студентското движење, и што говори за шарените, но добро е и да знаат Албанците што мисли тој за Али Ахмети.

СДСМ одговорност нека бараат од Зоран Заев.

А, за сите навреди и криминали ќе го стаса Зоран Заев казна и тоа од народот.

 

Треба да знаете
Последни објави