Search

Бред Пит би бил пресреќен да организира роденденденска забава за ќерката Шило во неговата хациенда

Бред Пит се надева на голема семејна дружба со своите деца под еден покрив по повод 14-тиот роденден на ќерката Шило подоцна овој месец.

Пит, кој неодамна доби оскар за најдобра споредна улога во „Беше еднаш… во Холивуд“, би сакал  Шило и нејзините браќа и сестри – Медокс (18), Пакс (16), Захара (15), и близнаците Нокс и Вивиен (11) да дојдат во неговиот дом за да го прослават роденденот. А специјалниот ден на Шило ќе биде одбележан и во куќата на нивната мајка Анџелина Џоли.

 

„Таа ќе има посебна прослава кај мајка ѝ, но Бред би бил воодушевен да ги има своите деца на забавата“, извор близок до актерот изјави за списанието „Ју-Ес викли“.

„Бред планира да организира многу забавни работи во неговиот дом, како на пример игри на отворено и други изненадувања“.

Бред (56) и Анџелина (44) напорно работат да го поправат меѓусебниот однос по нивната разделба и премногу јавниот развод на почетокот од 2016 година. Неодамна, други извори за истото спиасние кажаа дека „сега се во многу подобри односи и се повеќе срдечни еден со друг.

Треба да знаете
Последни објави