Во Албанија само шестмина новозаразени со новиот коронавирус, најмалку од појавата на пандемијата

Во последното деноноќие во Албанија регистарани се само шестмина новозаразени со Ковид-19, што е најмала бројка од појавата на пандемијата.

-Во последните 24 часа тестирани се 224 сомнителни случаи а позитивен резултатот е кај само шест од нив,со што вкупната бројка изнесува 856 зарзени лица. Во исто време во списокот на оздравени се впишани седуммина. Вкупната бројка на оздравени сега изнесува 627лица, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Таа информираше дека активни се 198 случаи, а само околу 15 отсто се третираат болнички, додека другите се со лесна форма, се лекуваат во домашни услови и нивната состојба ја следат матичните лекари.

-Во последните денови има подобрување на состојбата и во болниците. Моментно во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 29 лица а само четворица од нив се на интензивна терапија. До сега починати се 31 лице. Повеќе од десет дена немаме загубени животи, рече Дервиши.

Во Албанија до сега напраени се 10.543 тестови, позитивни се 856, при што дури 70 отсто од нив се излекувани.

Треба да знаете
Последни објави