Нова уредена плажа во Атина со чадори на растојание и без прегради од плексиглас

Бројни се претпоставките за тоа како ќе изгледаат плажите по пандемијата на коронавирусот, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од новата уредена плажа на Глифада во Атина.

Местата за одмор не се оградени со плексиглас, но на фотографијата се гледа дека чадорите се на безбедно растојание едни од други.

Јавната плажа во Глифада се наоѓа во северниот дел на градот, а всушност се две плажи поделени со мал теснец на кој има ноќен клуб и ресторан. Двете плажи се долги, а во близина има многу продавници, кафулиња и ресторани.

Досега оваа плажа беше неорганизирана и неуредена, немаше кафулиња со чадори и лежалки, само неколку чадори.

Сега има чадори кои се поставени на безбедно растојание, нанесен е нов песок, а плажата има сино знаме.

Треба да знаете
Последни објави