Search

На Бразил му се заканува банкрот и социјален колапс поради коронавирусот

За еден месец Бразил може да се соочи со колапс на својата економија, недостиг на храна и социјален распад поради рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, предупреди министерот за економија Пауло Гедес.

– Засега луѓето имаат пари, но во рок од 30 дена може да почне да снемува производи од полиците на продавниците, производството ќе биде нарушено и ќе се најдеме во ситуација на економски колапс и социјален распад, рече тој.

Во последните 24 часа во Бразил од Ковид-19 починале уште 610 лица со што вкупниот број на жртви стана 9.146. Досега се заразени 135.106 луѓе, 9.888 повеќе од претходниот ден.

Треба да знаете
Последни објави