Search

Над 900 талибанци ослободени во размена на затвореници со Кабул

Повеќе од 900 талибански борци веќе се ослободени од Кабул како дел од размената на затвореници предвидена со договорот меѓу САД и бунтовниците, што беше потпишан во Доха во февруари.

– Досега од авганистански затвори се ослободени 933 притвореници на талибанците, изјави Џавед Фајсал, портпарол на авганистанскиот Совет за национална безбедност.

Талибанците ослободиле 132 затвореници поврзани со администрацијата во Кабул, изјави нивниот портпарол Забиула Муџахид.

Договорот од 29 февруари меѓу САД и талибанците предвидува повлекување на странски трупи од Авганистан во рок од 14 месеци, под услов бунтовниците да се придржуваат кон одредени безбедносни услови и да започнат „внатре-авганистански” разговори за иднината на земјата. Голема размена на 5.000 талибанци приведена е од Кабул за 1.000 припадници на авганистанските безбедносни сили, кои се во раце на бунтовниците.

Треба да знаете
Последни објави