Search

Кумановец фатен дома со 18 паковки марихуана тешки 500 грама подготвени за продажба

СВР Куманово на 07.05.2020 поднесе кривична пријава против Р.С.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, на 06.05.2020 во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба.

Од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави