Search

Епидемијата во Монтреал не е под контрола

Во подрачјето на Монтреал, заразата со Ковид-19 не е под контрола и постои недостиг на персонал во болниците. Тоа го изјави премиерот на најголемата канадска провинција Франсоа Лего.

Тој рече дека во здравствениот систем недостасуваат околу 11.600 работници кои се отсутни бидејќи се болни или се плашат да дојдат на работа.

Тој посочи дека градинките и училиштата од поширокото подрачје на Монтреал нема да бидат отворени до 25 мај, иако нивното отворање првично беше најавено за 19 мај.

Вкупниот број случаи на заразени во провинцијата Квебек сега е 35.238, што претставува зголемување за 911 во однос на претходниот ден. Починале 2.631 луѓе, а самиот град Монтреал има скоро 18.000 случаи на заразени. И покрај фактот дека ситуацијата не е под контрола, Квебек полека ја отвора економијата.

Главниот советник за наука во Канада, Мона Немер, вели дека Квебек не успеал да состави детален план за екстензивно тестирање за Ковид-19, а се подготвува повторно да ги отвори училиштата и деловните активности.

Треба да знаете
Последни објави