Search

Австралија се подготвува за олеснување на ограничувањата

Австралија ќе ги олесни ограничувањата за социјално дистанцирање во неколку чекори во текот на следните четири недели, изјавија владини претставници.

Австралискиот совет на министри денеска се состана за да одлучи кои рестриктивни мерки ќе се укинат поради намалувањето на бројот на нови случаи на коронавирусот.

Австралија во март воведе строги ограничувања за физичко растојание, заедно со затворање на границите, што драстично го намали бројот на новозаразени со коронавирусот.

Со помалку од 20 новозаразени дневно, австралискиот премиер Скот Морисон денеска почна разговори со шефовите на државите и териториите за да одлучи кои ограничувања ќе се олеснат.

Ублажувањето ќе се одвива постепено, со цел мерките да не доведат до повторен пораст на заразата, изјавија двајца извори запознаени со планот и додадоа дека ограничувањата ќе се укинуваат постепено во четири седмици.

Австралија има помалку од 7.000 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починале речиси сто луѓе.

Треба да знаете
Последни објави