Додик бара укинување на вонредната состојба во Република Српска до 20 мај

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека извршниот комитет на неговата партија побарал од Владата на Република Српска да разгледа укинување на вонредната состојба и тоа да биде направено до 20 мај.

– Верувам дека вонредната состојба ќе биде укината и оти животот ќе се врати во нормала, изјави Додик. Тој оцени дека за време на вонредната состојба се работело добро и одговорно.

Тој информира дека по укинувањето на вонредната состојба ќе биде укинат и полицискиот час.

Треба да знаете
Последни објави