Search

Хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ вечерва поднесе оставка, откако воен авион попладнево околу 16 часот се урна во близина Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

– Поднесувам оставка на местото вицепремиер и министер за одбрана, рече Крстичевиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека ќе почне истрага за несреќата.

Хрватското Министерство за одбрана претходно ја потврди несреќата и соопшти дека станувало збор за редовен лет за обука.

На местото на настанот се наоѓаат сите надлежни служби.

Треба да знаете
Последни објави