Search

Со воздушна пукал во куче па го погодил братучедот во глава

Во Полициска станица Прилеп вчера околу 15 часот било пријавено дека од куќа на улица Беровска во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика” кал.4,5 мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча.

Но при тоа го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во главата.

Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави