Протест на грчките уметници во Атина

Под мотото „Носиме маски, но не молчиме”, пејачи, музичари, уметници, актери, писатели, кореографи од Грција, односно сите оние чија професија е поврзана со уметноста, во рамките на движењето „Support Art Workers”  одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент, барајќи поддршка од државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со паноа, маски и пораките „Културата не се замолчува”, „Уметноста не сака жртвување, не е хоби, тоа е работа”; „Културата се спасува, кога се спасуваат луѓето”, уметниците, меѓу другото бараат да бидат вклучени во владината програма за поддршка на вработените кои во периодот на кризата со Ковид-19, поради затворените бизниси и компании принудно останаа дома.

Треба да знаете
Последни објави