Почна реконструкцијата на улица „20“ во Долно Лисиче

Општина Аеродром деновиве ги почна градежните работи на реконструкција и обнова на улица „20“ во Долно Лисиче. Оваа улица ќе се обнови со нов асфалт во должина од околу 4 200 м2, со тротоари од бехатон.

Градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните активности и истакна дека оваа реконструкција е од големо значење за жителите на Долно Лисиче, бидејќи ќе придонесе за олеснување на нивното секојдневно функционирање.

Општина Аеродром продолжува интензивно да работи на изградба на нова, како и на подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината.

Треба да знаете
Последни објави