Граѓаните под контрола, а градоначалникот на Босански Петровац си организира веселба со јагне на ражен во време на пандемија

Полицијата во Босна и Херцеговина денеска имала полни раце работа поради веселбата која за време на коронакризата ја организирал градоначалникот на Босански Петровац, Дејан Прошиќ.

Од Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон за порталот „Кликс“ потврдиле дека Прошиќ, додека се на сила мерките против Ковид-19, собрал повеќе гости за кои организирал печење на јагне.

„Имало 11 лица и прекршување на сите наредби на Федералниот штаб за цивилна заштита. Значи собрани во група биле над пет лица, луѓето ниту носеле маски, ниту го почитувале физичкото растојание“, соопштиле од министерството.

Како што пишува „Кликс“, на забавата биле и шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита и командантот на противпожарната бригада, а на сите присутни лица им се изречени законски пропишаните казни.

И претставници на локалните власти во Бијелина изминативе денови не се грижеле многу за пропишаните мерки за забрана на собири, физичко растојание и носење маски, пишува порталот „Килкс“.

Според информациите, општинските функционери се забавувале во близина на новата затворска зграда кај фабриката „Елвако“ во Биелина без да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Причината за ваквата веселба во време на пандемија не е позната, освен дека на неа присуствувале локални моќници и ним блиски луѓе.

Треба да знаете
Последни објави