(Видео) Објавена снимка од ликвидација на член на црногорски мафијашки клан

Повеќе регионални медиуми објавија снимка од убиството на Даворин Балтиќ, што се случи на 1 јануари 2018 година во Врачар во Белград.

Убиениот Балтиќ беше една од жртвите на бруталната војна меѓу кавачкиот и шкаљарскиот клан од црногорското подземје, пренесува „Дневни аваз“.

Снимката од убиството беше првично објавена на порталот „Крик“, а на неа се прикажани две вооружени лица облечени во бели костуми кои се приближуваат до автомобилот на Балтиќ и од двете страни кон возилото пукаат со десетици куршуми. Балтиќ безбедносните служби го надгледувале како војник на кавачкиот клан.

Тој беше убиен додека со својот автомобил влегувал во гаражата на зградата во која живеел во Врачар.

Според информациите објавени во регионалните медиуми, кавачкиот и шкаљарскиот клан некогаш биле еден црногорски мафијашки клан, лоциран во близина на Котор, но по исчезнувањето на 200 килограми кокаин во Валенсија пред неколку години, меѓу нив започнала крвава војна.

Треба да знаете
Последни објави