Search

Ѓорѓиевски: Власта го спасува Дончев од „Рекет 2“ зошто пипците од октоподот одат до Заев

Мора навистина да се покажал Ден Дончев штом „Русковска обвинителството“ на толку афери и сомневања за криминал дозволува слободно да си замине, изјави на прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека власта прави операција за спасување на Дончев од аферата „Рекет 2“.

„Оставката на Дончев е бегство од правдата која доаѓа во Македонија со цел бегство од одговорност за сторените криминали, а Зоран Заев и Оливер Спасовски директно му помагаат во сето ова. Дали ОЈО и понатаму глуми маша на Заев и сака да го спасува од криминалот во кој е потонат тој и неговите луѓе? И сето тоа на штета на нашите граѓани и на нашата државата?“, запраша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски посочи дека против Дончев до сега има голем број на индиции кои укажуваат на милионски криминал.

„Неговото име беше директно посочено од страна на Вера Иванова, сопственичката на Диамед, дека противправно, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување влијаел да не се случи влез на шведската инвестиција Диаверум во Македонија, која што сакала впрочем да ја купи Дијамед“, рече Ѓорѓиевски нагласувајќи дека доколку ОЈО не преземе ништо во насока на дополнително расветлување на овој случај, однапред го покрива евентуалното бегство на Ден Дончев.

Треба да знаете
Последни објави