Цапак: Ќе одиме на море и ќе седиме во кафулиња без плексиглас

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак, говорејќи за укинување на дел од рестриктивните мерки воведени поради новиот коронавиру, истакна кажа дека ова лето граѓаните ќе можат да одат на море и да седат во кафулиња и во ресторани во кои нема да има бариери од плексиглас.

Како што јави дописникот на МИА, Цапак кој гостуваше на емисијата „Добро утро Хрватска”, кажа дека е убеден дека ќе може да се оди на море.

– Убеден сум дека оваа лето ќе можеме да одиме на море. Тоа нема да биде туризам каков што го познаваме, но убеден сум дека ќе се најде добар начин како безбедно да уживаме, изјави Цапак.

Тој додаде и дека интензивно се разговара и за повторното стартување на повеќе спортските активности.

– Ние веќе ги отвориме игралиштата на отворено, меѓутоа само за рекреативни активности. Знаете дека веќе ги повикавме граѓаните да практикуваат спортови во кои нема контакт меѓу луѓето, па така на пример не смее да се игра кошарка, потсети Цапак.

Според него се уште е рано да се отвораат сите фитнес центри наеднаш и додаде дека тоа мора да се прави исклучиво плански и со подготвен распоред.

Треба да знаете
Последни објави