Search

Спасовски и владина делегација на видео конференција за Загрепскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан

Денеска, 06.05.2020 година, делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, ќе учествува на Загрепскиот Самит на Европската унија и Западен Балкан преку видео конференција.

На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан ќе дискутираат за соработката за справување со коронавирус КОВИД-19 и последиците од истиот, европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.

Треба да знаете
Последни објави