Search

Свадбите со оро во кордон, бидермаер на лотарија

Неформален предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување. Според предлог-правилникот до кој дојде Пресс24, задолжителна ќе биде дезинфекција на рацете при влез во локалот, а нарачките ќе се земаат на растојание од еден метар.

На гостите да им биде ограничено движењето само на простор на нивната маса и до тоалетите. Келнерите и шанкерите, но и помошниот персонал ќе треба да носат визири за време на својата смена со цел да се заштитат себеси од контактите со гостите.

Угостителите предвидуваат пред секое седнување на нови гости масата да биде дезинфицирана.

Интересни се предлозите за свадбите. Па така, според предлог-правилникот нема да има поздравување со физички контакт при пристигнување и заминување на гостите. На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице.

Оро ќе се игра во кордони.

-Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете. Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број.

Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.

Треба да знаете
Последни објави