Отежнат е сообраќајот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“

Поради сервисирање на затворач ф-400 милиметри на крстосницата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“, сообраќајот денеска ќе се одвива отежнато- информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека активностите ќе се одвиваат без прекин на водоснабдувањето, од 19:30 часот се до завршување на интервенцијата.

Треба да знаете
Последни објави