Search

Мисајловски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Собранието не може да се врати се потврди и со денешната одлука од Уставниот суд

 

Вечерва во вестите на Канал 5 свое вклучување имаше Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за состанување на Собранието се потврди со денешната одлука од Уставниот суд.

„Претпоставувам дека сите политички случувања ќе бидат ставени на маса на лидерската средба. Но ние сакаме да инсистираме на сите оние погубни политики кои што се случуваат особено оние кои што се од национален интерес. А, слушаме многу разни коментари во врска со ставови на Бугарија и слично“, појасни Мисајловски.

„Денес Уставниот суд начелно кажа дека нема уставна можност како тоа да се врати Собранието, значи мора да има нови избори за да се врати Собранието во состав односно нови пратеници. Ние тоа го говоревме постојано но веќе имаме и одлука од Уставниот суд така што останува само кога ќе се одржат изборите“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски потсети дека и на првата лидерска средба врвни имиња од правната фела говореа за Собранието дали може да се состане и од таму излезе заклучокот дека не може да се врати, односно се потврди и денеска тоа со одлуката од Уставниот суд.

„Оваа влада, оваа техничка влада со самото прогласување на вонредната ситуација тие треба да се грижат сите овие одлуки што ќе поминат на влада да бидат  во врска со овој случај на пандемија. Се што ќе носат, сите мерки треба да бидат во согласност како да им се помогне на граѓаните, бидејќи сепак ова е техничка влада“, појасни Мисајловски.

Мисајловски додаде дека и општините продаваат земјиште тоа е синџир на кој треба да се внимава, но пред избори тоа е забрането, а за сето ова треба да се произнесе и Антикорупциската комисија, дали во овој период сите овие продажби на земјишта се неопходни, дали сега треба да се прават.

„Цената и продажбата на земјиште треба да биде во целосна транспарентност, за секој еден кој што е заинтересиран да може да се пријави. Но во услови сега каде што многу граѓани се ограничени, каде што многу компании се затворени и немаат можност да работат, навистина не знам зашто постојано секоја недела се менуваат Уредбите на Владата. Па по една недела гледате дека погрешиле нешто, па потоа пак менуваат и така во круг. И на крајот од денот за жал трпи обичниот граѓанин  и целата економија“, истакна Мисајловски.

Мисајловски потсети кога тој бил министер се менувал Законот за градење. И тој закон многу пати бил предмет на измена, но секогаш било во интерес на градбите и на економијата, никогаш за нешто друго.

Треба да знаете
Последни објави