Search

Двајца моторџии повредени во судир со трактор

Возач на мотор и совозач се повредени по судир со трактор, вчера во битолското село Средно Егри, информираше МВР.

На 05.05.2020 во 16.32 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „солис“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(38) од Средно Ерги и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(21) од село Могила, битолско.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од мотоциклот, Д.С.(28) од Средно Ерги, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави