Градоначалникот Филип Темелковски го честита големиот црковен и народен празник Ѓурѓовден

Градоначалникот Филип Темелковски во свое и во име на вработените во Општина Кисела Вода на патрониот празник на Општината, Ѓурѓовден, на сите граѓани им го честита пролетниот христијански и народен празник Св. великомаченик Ѓорѓи Победоносец.

На овој убав празничен ден на оние кои слават семејна слава или именден им честитаме и им посакуваме многу среќа, здравје и љубов.

Празникот на пролетта Ѓурѓовден во нашата држава, во сите градови и села се одбележува со разни обичаи, ритуали и верувања. За овој празник, како и кај нас така и ширум светот, помеѓу народите од различните религии постојат повеќе преданија. Најчесто „Ѓурѓовден” се поврзува со здравјето, плодноста, оживувањето на природата, зеленилото, цвеќињата, живиот свет и сл. Според преданијата Св. Ѓорѓи бил роден во Кападокија, во богато семејство. Додека бил мал татко му пострадал само зато што бил христијанин, по што мајка му се преселила во родната Палестина. Ѓорѓи кога пораснал отишол во војска, кадe вo свoјата дваeсeтта гoдина дoстигнал дo чин трибун и какo такoв му служел на царoт Диoклeцијан. Но, кога царот започнал да ги прогонува христијаните, Ѓорѓи гордо му кажал дека и тој е христијанин по што царот веднаш го затворил и сурово го измачувал се додека бил жив. Во големите маки кои ги преживувал, Ѓорѓи постојано се молел на бога по што моментално бил исцелуван. По ова, народот бил восхитен од тоа што го видел и со задоволство ја примал христијанската вера.  Христијанството го примиле и царската жeна Алeксандра, главниoт вражач Атанасиј, зeмјoдeлeцoт Гликeриј,  Валeриј, Дoнат и Тeрина.  На крајот царот наредил отсеткување на главите на Ѓорѓи и неговата жена Александра. Од тогаш се верува дека многу чуда се случувале при повикот за помош кон светецот.

Една црква во Кисела Вода, во која традицинално се прославува Ѓурѓовден го носи името на победносниот светител Ѓорѓи.

Заради вонредната состојба прогласена со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид-19, Општина Кисела Вода не ораганизира јавна прослава на патрониот празник кој оваа година требаше да се одбележи по дваесет и втор пат. Општината верува и ветува дека следната година Ѓурѓовден повторно ќе го славиме со културно-забавни и спортски манифестации.

Треба да знаете
Последни објави