Search

Големите автомобилски фабрики во Турција почнуваат со работа на 11 мај

Со оглед на тоа што во Турција се олеснуваат рестриктивните мерки воведени за борбата против ширењето на коронавирусот, сите големи фабрики за автомобили во земјата ќе почнат со работа до 11 мај, објави министерот за наука и технологија, Мустафа Варанк.

„Голем број фабрики за автомобили веќе го почнаа производството“, рече Варанк на онлајн-состанокот на Стопанската комора во Анкара.

Тој исто така рече дека некои текстилни фабрики повторно се во функција и дека со нормализирање на работењето на трговските центри и обновувањето на извозните канали секторот ќе закрепне бргу. Поради глобалната пандемија на коронавирусот, многу фабрики мораа да го прекинат производството поради рестриктивните мерки.

Варанк додаде дека Турција ќе формира дополнителна лабораторија во главниот град Анкара за тестирање на коронавирус, со капацитет од повеќе од 4.000 лица на ден. Во Турција се потврдени 3.520 смртни случаи на коронавирус, а оздравени се 73.255 пациенти. Вкупно се регистрирани 129.491 пациент со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави