Search

ВМРО-ДПМНЕ: Македонските стопанственици добија најмалку поддршка од владата споредбено со цела Европа

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Крешник Бектеши

 

Македонските стопанственици добија најмалку поддршка од владата споредбено со цела Европа.

Таканаречен пакет на помош од само 1.2% од БДП и не ги задоволува реалните потреби на економијата. Соседна Србија одвојува 11% од БДП за поддршка на домашните фирми, Бугарија 10%, а Грција 5% од својот БДП. Или поедноставени сите земји од соседството даваат помош за своите економии од 5 до 10 пати повеќе отколку владата на СДСМ. И таквата мала помош, не е воопшто практична и не нуди решенија. Мерките се целосно не скроени по принципот мал број на фирми да можат да аплицираат, но и тие нема да имаат посебен бенефит од тоа.

Дополнително ситуацијата е уште полоша, ако ја погледнеме буџетската дупка која за првите три месеци од година, период во кој земјата не беше погодена од корона беше 120 милиони евра, пари кои се потрошија за поткуп на гласачи. За Заеви да можат да одат на избори и да купуваат гласови секое семејство го задолжија со нови 15.000 денари долг, кој ќе треба да го враќаат некој идни генерации. Со ваква неспособност и аматеризам до крајот на годината, буџетската дупка ќе изнесува и над 1.3 милијарди евра, пари кои ќе се потрошат само на покривање на дупки и санација на штетите од неспособноста при менаџирање со кризата.

Државата и граѓаните се буквално заложници на Заеви и СДСМ кои ја носат државата во амбис.

 

Треба да знаете
Последни објави