Брнабиќ: Ќе донесеме мерки со кои грѓаните при посетата на Србија нема да одат во карантин

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ порача дека в петок или понеделник по седницата на  Кризниот штаб ќе бидат донесени прецизни мерки со кои граѓаните кои ќе ја посетуваат Србија нема да мораат да одат во задолжителниот карантин од две недели.

– Размислуваме во насока доказ за граѓаните кои ќе влегуваат во Србија да биде негативен тест кој лицето ќе го има направено во својата земја од каде доаѓа, или пак таа процедура ќе ја спроведуваме ние – вели Брнабиќ.

Според Брнабиќ во Србија нема да бидат укинати кризните штабови, а надлежните здравствени служни ќе продолжа со тестирање на граѓаните за да се обезбеди земјата од евентуален втор бран на епидемијата со коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави